Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Исчистени дивите депонии покрај патот кон населено место Раборци

Одделението „Комунална хигиена“ при ЈПКД „Комуналец“ – Струмица ги исчисти неколкуте мали, диви депонии, од страна на патот кон излезот од Струмица, кон населеното место Раборци.

Големите количини отпад создадени од несовесни граѓани ја нарушуваат безбедноста во сообраќајот, бидејќи често се случува ветерот да одвлече отпадоци на коловозот.

Исчистена беше и депонијата кај река Тркајна а акцијата продолжи и со чистење на депонираниот отпад покрај локалниот пат.

Од „Комуналец“ апелираат до граѓаните да ја почитуваат животната средина и да не депонираат најразличен отпад на овие црни точки, бидејќи редовно се случува по  чистењето на локациите, веќе идниот ден повторно да има депониран отпад.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.