Одделението „Комунална хигиена“ при ЈКПД „Комуналец“, по молба од сопственици на објекти околу старата зграда на „Политекс“ денес рачно и со механизација ја исчисти дивата депонија која се наоѓа во тој дел од градот.
„Работиме на тоа бројот на ваквите депонии кои остават грда слика да се намалат но сепак потребно е и граѓаните да бидат совесни и да не го истураат својот шут и отпад , туку да се јават во Комуналец и истиот ќе биде подигнат во најскоро време“, известуваат одговорните од Одделението „Комунална хигиена“ при ЈКПД „Комуналец“.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.