Ако некој може да направи да се чувствувате добро и во ситуација кога сметате дека сте најглупата личност во Струмица е јутуберот Славе Колевски, познат како KolevskyTV, кој за себе вели дека поседува IQ 0.
Покрај Славе во оваа видео се јавува и гласот на неговиот „сајдкик” кој драматично во текот на видеото повторува „размисљи убаво” или варијации на тема како „убаво размисљи“, „размисљи”…
Славе на случајните минувачи им поставуваше серија прашања, а за точен одговор на сите, учесниците во мини-квизот добиваат 1000 денари.
Логичките прашања кои се креирани на начин да го збунат оној кој одговара резултираа со голем број на неточни одговори, освен кај еден пар кој успеа точно да одговори на сите три прашања.
Од видеото не може да се заклучи дали струмичани се интелигентни или не зашто квизот не е вистински тест за мерење на интелигенцијата, а проблем за носење заклучоци е и малиот број на учесници во истиот.
Снимањето беше прекинато бидејќи се стемни, а според законите на Јутуб, едно видео не смее да се снима подолго од еден ден поради ризик од превисок квалитет. ?







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.