Во рамките на проектот „Инклузија на децата што се надвор од училиштата во образовниот систем“ поддржан од Министерството за образование, Македонскиот центар за граѓанско образование и Детската фондација „Песталоци“, во основното општинско училиште „Никола Вапцаров“ од Струмица се спроведоа активности под мотото „Играме и пееме“.
Во активноста беа вклучени 57 ученици и 20 родители од мешан етнички состав, како и одделенски наставници од второ до четврто одделение, а со неа раководеше одделенскиот наставник Јасмина Пупановска заедно со педагогот Мариза Милкова и психологот Елена Банкова-Пандева.
Целта беше обезбедување поддршка за интеркултурни воннаставни активности со ученици и родители, како и да се зајакне инклузијата на социјално ранливите групи во училиштата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.