Во рамките на кампањата „Еко фронт-Чиста да ни е“, на 8 мај 2019-та година, беше реализирана уште една акција на герила проектот „Еко Фронт Предизвик“.
Овој пат предизвикани беа учениците од Подрачното училиште во село Баница при О.О.У. „Сандо Масев“, кои несебично се приклучија во акцијата и излегоа да го исчистат ѓубрето во околината на училиштето.
Целта на оваа герила акција е да се подига еколошката свест кај најмладите, а на овој начин, кога ќе вложат труд и самите ќе бидат повеќе грижливи да не ја загадуваат околината.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.