На 03.01.2019-та година, во Дом на АРМ – Струмица, со почеток од 19 часот, Центарот за балетска уметност „Реверанс“ од Струмица ќе одржи новогодишен, хуманитарен, балетски концерт.
Влезницата за концертот чини 50 денари и собраните средства од продажбата се наменети за лекување на малата Нина Димитриевска од Струмица.
За прекрасната атмосфера ќе придонесат малите и големите играчи на „Реверанс“ кои, преку своите кореографии ќе го покажат најдоброто од себе.
Специјална гостинка на концертот е саксофонистката Александра Илиева.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.