Во тек е организацијата за овогодинешното издание на „Струмичкиот Карневал“. ЈПКД „Комуналец“ – Струмица ги стави на располагање своите технички и човечки ресурси на одборот за организација на карневалот, за да се задржи континуитетот на квалитет на манифестацијата која е заштитен белег на градот.
Пред почетокот на манифестацијата, екипи од одделението „Комунална хигиена“ реализираа акции за уредување и расчистување на централното градско подрачје, влезовите и излезите од градот. Генерално чистење и уредување е извршено на сите пристапни улици до булеварите каде ќе продефилираат учесниците во овогодинешната карневалска поворка.
Минатата година низ улиците на Струмица поминаа околу 2.000 учесници и тоа од Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Албанија, Бугарија, Германија, но и од Аруба – холандските Антили. Околу 50.000 посетители беа регистрирани како гости дојдени да ја почуствуваат карневалската магија на градот.
Од ЈПКД „Комуналец“ велат дека ниту една нивна активност не е доволна без поддршката од граѓаните. Затоа апелираат и оваа година, Струмица заеднички да се покаже во вистинско светло на Европски чиста и уредена Општина.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.