Градоначалникот на општина Босилово – Зоран Зимбаков, заедно со директорката на ЈПКД „Огражден“ – Митра Зафирова и Претседателот на советот – Ѓорги Аризанов,синоќа оствари средба со жителите на населеното место Иловица.
На средбата беше разговарано за сработеното во изминатиот период, а во исто време од страна на граѓаните беа посочени проблемите и потребите за ова населено место, особено состојбата со рудникот, водоснабдувањето, асфалтирањето и тампонирањето на улиците, се со цел да се изнајде начин за нивно решавање.
Ваквите средби со граѓани продолжуваат и по останатите населени места низ општина Босилово, со цел да се слушнат нивните проблеми и да се понудат решенија за истите.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.