Денеска во посета на градоначалникот на општина Василево – Марјан Јанев, беше градоначалникот на пријателската општина Ташкупри, Турција – Недрет Ѓулен. Двајцата градоначалници на средбата разговарале за продолжување на соработката меѓу овие две пријателски општини, која во иднина би требало да резултира со конкретни проекти од кои бенефит ќе имаат нивните граѓани.
Првиот контакт меѓу двете општини е воспоставен пред околу година и половина, период во кој се остварени неколку средби на кои главно беше разговарано за можностите за заеднички проекти кои би биле во функција на граѓаните од двете општини.
На денешната средба покрај градоначалниците присуствуваа и раководителот на Подрачната единица при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија во Струмица – Васил Коцев, како и членот на Советот на општина Василево од Висока Маала – Неџат Меминов.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.