Градоначалникот на општина Ново Село – Боро Стојчев, до Претседателот на Советот поднел неотповиклива оставка од функцијата, од морални причини.
Стојчев беше осуден на 18 месеци затворска казна, поради кривично дело – обид за криумчарење на непријавена стока. Тој заедно со сопругата, синот и внукот, на 10-ти јули годинава беа фатени како се обидуваат нелегално да пренесат цигари на бугарско-македонската граница.
Пред неколку дена Апелациониот суд во Штип му ја намали казната од 18 на 6 месеци затвор, по што низа негативни реакции следуваа на социјалните мрежи, во кои се велеше дека градоначалникот треба да ја одлежи казната. ОЈО Струмица пак, побара Стојчев да биде упатен на издржување на затворската казна од две години, за кривично дело сторено во 2010-та а за кое бил осуден во 2015-та година.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.