Градоначалникот Коста Јаневски смета дека договорот кој „Комуналец“ го потпиша со приватната фирма „Дасмак“ ДООЕЛ од Струмица, за собирање смет, во вредност од 1,2 милиони евра е несоодветен.
Тој, како што вели во денешната изјава, веднаш откако разбрал за договорот побарал од управата на јавното претпријатие да го поништат договорот.
Во обраќањето Јаневски истакна дека е убеден дека постојат подобри решенија за решавање на проблемот со кој се соочува „Комуналец“ и очекува во најкраток можен рок тие да го раскинат договорот и да пристапат кон изнаоѓање на ново решение на проблемот со собирање на смет.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.