Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, оствари средба и со жителите на населеното место Василево. На средбата присуствуваа претседателот на советот на општина Василево – Крсте Панев и директорот на МЗШВ Струмица – Васил Коцев.
Ова е една од низата средби со граѓаните, кои деновиве градоначалникот ги реализира во населените места и на кои главно се разговара за актуелните потреби и проблеми и можните решенија за нивно надминување.
Според Јанев, средбите кои започнаа минатата недела ќе продолжат и во текот на наредните денови односно ќе се одржат во сите населени места.
Целта е да се детектираат актуелните потреби и проблеми и во заеднички разговор и консултации со сите засегнати страни да се понудат решенија и да се изнајдат најсоодветните начини за брзо и ефикасно надминување на состојбите и решавање на проблемите.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.