Со богата и свечена програма, во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица беше одбележан 50-годишниот јубилеј на градинката „Детска радост“.
Јубилејот на дечињата и вработените во градинката им го честиташе градоначалникот, Коста Јаневски кој истакна дека: полувековното постоење на градинката е нешто што заслужува должно внимание и почит, нешто што сите треба да ги прави задоволни и горди. Овој јубилеј подеднакво им припаѓа на сите кои биле дел од таа 50 – годишна историја и ги испишале страниците на истата.
Во „Детска радост“ успешно опстојуваат пет клона кои згрижуваат околу 1.000 деца, но таа бројка ќе стане и поголема, имајќи го во предвид ангажманот на Општина Струмица за ставање во функција и на градинките во Куклиш и Муртино – додаде Јаневски.
Овие две градинки од септември ќе ги примат и првите дечиња од овие населени места. Паралелно со тоа, течат активностите на проектирање на уште една градинка, која ќе се наоѓа во струмичката касарна.









Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.