Со новиот озонатор, ЈПКД „Комуналец“ очекува станицата поефикасно да ја пречистува водата и притоа да троши помалку енергија. Проектот го финансира Општина Струмица.
Техничкиот тим на „Комуналец“, предводен од директорот Кире Синдраковски, го прегледа озонаторот во фабриката на групацијата „Xylem“ во Германија, која ги произведува озонаторите од марката „Wedeco“. Заедно со стручните лица на производителот, тимот ја провери целата опрема, што е стандардна постапка пред испорака на опрема од ваков обем. Следуваат испораката во Струмица и монтажата на озонаторот во филтер-станицата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.