Во струмичко-радовишкиот регион активни се шест шумски пожари, а најголем од нив е пожарот во атарот на село Радичево, помеѓу Струмица и Радовиш.
Од Против-пожарната единица од Струмива информираат дека покрај Радичевскиот пожар, кој е најголем, гори на уште пет локации во регионот. Кај селото Сушица, помеѓу Босилово и Еднокуќево, кај селото Калуѓерица и на ридот Готен, меѓу Огражден и Плачковица.
Оттаму додаваат и дека сите ресурси се вклучени во гасењето на пожарите.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.