На 26-ти мај 2019-та година (недела) со почеток од 10:30 часот, во спортската сала „26-ти април“ – Гевгелија ќе се одржи четвртиот по ред Јуниорски ракометен куп на Југоистокот.
По успехот на претходните три купови на пионерите на РК „Партизан“ и освоени три пехари, сега на ред е Гевгелија да се покаже во најдобро светло и како домаќин.
На четвртиот Јуниорски куп во Гевгелија, учество ќе земаат екипите:
1. РК „Партизан“
– Гевгелија
2. РК „Младост“ – Богданци
3. РК „Астраион“ – Струмица
4. РК „Вардар“ – Неготино
Со следниот
распоред:
10:00 ч. – пристигање на учесниците и одржување ждребка
10:30 ч. – прво полуфинале
12:00 ч. – второ полуфинале
14:00 ч. – натпревар за трето место
16:00 ч. – финале
17:00 ч. – доделување на награди и признанија
Организатор на купот е РК „Партизан“ под покровителство на општина Гевгелија. На купот ќе бидат доделени награди: за прво, второ и трето место, за најдобар играч, за најдобар стрелец и најдобар голман.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.