Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Генерално се чистат депониите во Банско и Муртино

Одделението “Комунална хигиена“ при Јавното претпријатие за комунални дејности “Комуналец“ – Струмица, периодов интензивно работи на порамнување и отстранување на комуналниот отпад од локалните депонии во населените места Банско и Муртино.

Овие депонии се наменети за биоразградлив отпад од локалното население кое се занимава со земјоделство.

Од „Комуналец“ апелираат до граѓаните својот кабаст отпад (мебел, стара електрична и електронска опрема) и градежeн шут да не ги одложуваат во овие локални депонии.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.