Македонскиот филм „Господ постои, името и е Петрунија“ на режисерката Теона Стругар Митевска, ќе биде прикажан во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, на 17-ти мај 2019-та година, со почеток од 20 часот.
Филмот ја раскажува приказната на Петрунија – девојката која на Водици во Штип ќе го фати крстот, покрај стотина мажи кои се нурнуваат по него. Тие се бесни како една жена се осмелува да учествува во нивниот ритуал, но, Петрунија нема намера да се откаже од крстот и верува во тоа дека цела година ќе ја прати добра среќа и просперитет.
Ова е првиот македонски филм кој беше во конкуренција за „Златна мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал.
На 10-ти февруари, на 69-тото издание на Берлинале, филмот ја имаше својата светска премиера. Освои две награди: на Екуменското жири и на Здружението на германските кина за авторски филм, паралелни награди на Берлинале, кои се доделуваат од страна на независни жирија.
Влезницата за филмот чини 150 денари.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.