Компанијата „Еуромакс Ресурсис“, инвеститор во рударскиот комплекс „Иловица“ ќе се жали на суд по одбиената жалба од
Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во однос на нивното барање за добивање Дозвола за експлоатација на руда.
„Известувањето дозволува компанијата да ја обжали одлуката на Државната комисија во рок од 30 дена преку Управниот суд на Северна Македонија. Врз основа на силен правен случај, компанијата има намера да поднесе жалба. Другите правни начини, вклучително и меѓународната арбитража, остануваат отворени и кон истите ќе се пристапува соодветно.“ се вели во соопштението на компанијата.
Оттаму додаваат дека одлуката на државната комисија се однесува само на концесијата број 6, но, не и на втората концецесија која ја поседува компанијата, концесијата 11.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.