Во склоп на акцијата „Еко Фронт – Чиста да ни е“ која се спроведува во организација на Општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“, од вчера се организира генерално чистење на населеното место Куклиш, а по повод Денот на планетата Земја.
Целата механизација, градежна оператива, сите ресурси и можности на Општина Струмица и ЈПКД „Коуналец“ ќе бидат вклучени во оваа акција.
Во неа самоиницијативно се вклучија и учениците од деветто одделение со директорот и наставниот кадар од основното училиште „Даме Груев“, со цел да ја подигнат свеста за значењето на зачувувањето на животната средина но и еколошката свест.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.