Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Екипата на ТППЕ Струмица повлечена од жариштето поради опасност од експлозии – Пожарот во Самоилово сѐ уште активен

Вчера екипата на ТППЕ Струмица интервенираше во близина на с.Самоилово веднаш до граничниот појас со Р. Бугарија каде гори нискостеблеста шума. Интервенирано е со 1 теренско возило и 4 пожарникари. После извесно време екипата е повлечена поради опасноста од експлозии на експлозивни убоити средства кои ги има на теренот. Пожарот сѐ уште е активен.

Претходно, ТППЕ Струмица интервенираше во атарот на с. Добрашинци каде гореше сува трева и грмушки. Интервенирано е со 1 ПП возило и 3 пожарникари. Пожарот е успешно локализиран и ликвидиран.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.