Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Еднократна парична помош за секое новородено дете од општина Струмица

Еднократна парична помош во висина од 3.000 денари ќе добива секое новородено дете на подрачјето на територија на општина Струмица – ова беше една од усвоените точки од дневен ред на 19-тата седница на Советот на општина Струмица.

Како што истакна претседателот на Советот – Марјан Даскаловски – секое дете без разлика дали е од социјална категорија или не и дали е со еден или двајца родители, ќе добива еднократна парична помош.

Меѓу другото, на седницата беа усвоени и Програмата за работа на Советот за 2019-та  година, планот за запишување ученици во прва година во средните општински училишта во учебната 2019/2020 година, како и повеќе други одлуки, програми и планови од повеќе области.

На седницата советниците расправаа за вкупно 16 точки и 2 советнички прашања.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.