Денес на прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче, соопшти дека лице од Струмица е најновиот случај кој се тестира за коронавирус, а резултатите би биле готови во текот на денот.
Се работи за лице кое патувало во Италија, а се вратило на 22. февруари и самото побарало да биде тестирано откако добил покачена телесна температура.
Тој на конференцијата за медиуми истакна и дека пациентката која со коронавирус се наоѓа на инфективната клиника се опоравува без изгледи за можни компликации.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.