Градоначалникот на општина Струмица – Коста Јаневски ги прими претставниците од ОО на „Црвен крст“ – Струмица, претставниците од средните и основните училишта и учениците кои зедоа учество на општинскиот натпревар по Прва помош за основни и средни училишта.
Тој им ги додели пехарите и дипломите на екипите кои ги освоија првите три места на овој натпревар, одржан на 11-ти јуни во организација на струмичкиот „Црвен крст“.
Пехарите за прво, второ и трето место, во категоријата – средни училишта, завршија во рацете на трите екипи од СОУ „Јане Сандански“ , а кај основците, пехар за второ освоено место доби екипата од ООУ „Никола Вапцаров“.
Екипите од ООУ „Борис Трајковски“ од Моноспитово и ООУ „Кирил и Методиј“ од Иловица, пехарите за прво и трето место, ги добија претходно во општина Босилово.
При врачувањето на наградите, Јаневски им порача да бидат секогаш хумани, позитивни и отворени за помош, соработка и разбирање меѓу луѓето.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.