Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

До 10 часот на југоистокот најмала излезеност во Босилово 3.68%, најголема во Гевгелија 9.55%

На Претседателските избори кои денес се спроведуваат на територијата на цела држава гласаат вкупно 1.808.131 гласачи.

До 10 часот излезеноста на ниво на држава била 6,26%, или правото на глас го искористиле 111.554 гласачи.

На југоистокот, при пресекот во 10 часот, најмала излезеност има во општина Босилово 3.68%, најголема во општина Гевгелија 9.55%.

Излезеноста во о. Струмица и о. Валандово е речиси 6%, во општина Дојран 6,79%, 8% во Богданци, 8,10% во Ново Село и 3,96% во општина Василево.

Гласањето во целиот Југоисточен регион се одвива непречено без инциденти, а сите избирачки места се отворени навремено во 7 часот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.