Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Директорот на Центарот за управување со кризи во посета на РЦУК Струмица

Директорот на Центарот за управување со кризи, м-р Агрон Буџаку денес оствари работна средба со вработените во РЦУК Струмица.

Покрај увидот во редовните активности на РЦУК Струмица, директорот ги согледа просторните и техничките можности, како и човечките капацитети за инсталирање на бесплатниот телефонски број 112 во еден од центрите кој е предвиден со проектот.

Имплементацијата на системот за итни повици Е-112 се очекува да заврши до крајот на 2020 година.

РЦУК Струмица е еден од оперативните центри во системот Е-112, кој треба технички да се приспособи за прием на повици за итни настани, како и за координација на полицијата, итната медицинска помош, противпожарните сили и тимовите за заштита и спасување при постапување во случај на итни настани.

Воведувањето на овој број произлегува како обврска од усогласувањата со регулативата на Европската Унија за воспоставување комуникациско–информативен систем и единствен европски број за итни повици во сите земји на унијата.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.