Ученикот при СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, Димитар Џорлев, ќе ја претставува Македонија на овогодинашната Европска олимпијада по физика која ќе се одржи во Романија.
Џорлев минатиот петок учествуваше на селекционен натпревар кој се одржа во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје на кој се избраа и останатите македонски претставници.
Димитар во моментов е втора година. Тој има учествувано на низа натпревари од природните науки, докажувајќи ги своите знаења со освојување на високите места, како и на неколку меѓународни олимпијади.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.