Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Џорлев и Митев со бронзени медали на Македонската математичка олимпијада

Македонската математичка олимпијада, која важи за најпрестижниот натпревар од областа, годинава, по 26-ти пат, се одржа на 13. април во просториите на Универзитетот ФОН во Скопје.

Од овој натпревар учениците Дмитар Звонимир Митев, ученик во IV година, под менторство на проф. м-р Елена Лазарева и Димитар Џорлев, ученик во I година, под менторство на проф. Петруш Џорлев, од СОУ „Јане Сандански“, се вратија со бронзени медали.

Покрај Џорлев и Митев на овогодинешната Македонска математичка олимпијада учествуваа и учениците Раде Перовановиќ и Димитар Трајков.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.