За време на продолжениот празничен викенд, Струмица ќе биде домаќин на првиот меѓународен одбојкарски турнир, меморијалот „Горан Панов – Близнако“, во организација на ОК „ЏИО” од Струмица.
Струмичкиот носител на титулата овој меморијален турнир ќе му го посвети на прерано починатиот струмичкиот одбојкар Горан Панов.
На настанот учество ќе земат екипи од повеќе држави, па така покрај домаќиот ќе настапат „Будуќност” од Црна Гора, „Борац” од БиХ и екипата на „Пирин” од Бугарија.
Турнирот почнува во петок, 11-ти октомври, во 17 часот, а ќе заврши утредента на 12-ти.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.