На 22.01.2019-та година во 20 часот на улица „22 Декември“ во Струмица, Л.М.(25) од Струмица, управувајќи патничко возило „Фолксваген Поло“ со струмички регистарски ознаки, удрила во пешакот Б.В.(72) од Струмица.
Од ударот, пешакот Б.В. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Медицински центар Струмица.
Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.