Денес, по повод одбележувањето на празникот „11-ти Октомври“ – Денот на народното востание на Македонија и Денот на борецот, во Струмица ќе се одржи свеченост пред Споменикот на револуцијата во Градскиот парк во Струмица.
Настанот кој ќе започне од 10 часот наутро ќе биде отворен со реч за историографијата на празникот, по што ќе следува рецитал во изведба на рецитаторите од Домот за деца и млади и настап на КУД „Тримери“ од Струмица.
Како и секоја година, повеќе делегации од Струмица ќе положат свежи цвеќе пред Споменикот на револуцијата.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.