На денешен ден, пред 63 години е роден поранешниот македонски претседател Борис Трајковски.
Трајковски е роден во Моноспитово, Босилово во 1956-тата година. Тој беше вториот претседател на Македонија од 15-ти декември 1999-та година се до 26-ти февруари 2004-та година, кога неговиот мандат заврши со неговата трагична смрт во авионска несреќа, под неразјаснети околности. Несреќата се случи во Мостар, Босна и Херцеговина.
Трајковски важеше за исклучителна личност. Нему, постхумно му беше доделен Орден на Р.Македонија во 2005-та година. За време на неговиот мандат, во земјата се случуваа борбени дејствија, по кои, се дојде до промена на Уставното уредување на Македонија.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.