Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Денес се навршуваат 33 години од смртта на македонскиот актерски великан Ристо Шишков

  • Во 1945-та година, преку Бугарија со неговото семејство доаѓа во Струмица, каде се школувал.
  • Во 1962-та година дипломирал на Театарската Академија во Белград, отсек глума.
  • Во 1979-та година обвинет е за навреда на српски и хрватски артисти, како и на Тито.

Денес се навршуваат 33 години од смртта на еден од најголемите македонски театарски и филмски актери – Ристо Шишков.

Шишков е роден на 23-ти март 1940-та година во Егејска Македонија (село Мрсна) во ситуирано трговско семејство, а во 1942 ја доживува трагичната судбина на децата бегалци. Во 1945-та година, преку Бугарија со неговото семејство доаѓа во Струмица, каде се школувал.

Во 1962-та година дипломирал на Театарската Академија во Белград, отсек глума. Во 1964-та станал член на Драмата на Македонскиот Народен Театар. Играл во 54 театарски претстави, снимил 11 филма, 5 телевизиски драми и 3 телевизиски серии, како и повеќе радиодрами.

Во 1979-та година обвинет е за навреда на српски и хрватски артисти, како и на Тито. На 15-ти јануари 1980-тата заминува во затвор обвинет како националист, сепаратист и хегемонист. Умрел по боледување на 17-ти јули 1986-та година. Тој е татко на познатиот и веќе починат македонски актер – Васил Шишков.

Од 1992-ра година во негова чест во Стумица се одржува Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.