Во Струмица, во хотелот „Вила Парк“ по вторпат се одржа модната ревија за деца со попреченост „Убави сме, свои сме“. На ревијата учествуваа 30 модели со попреченост од повеќе градови од земјава, кои чекореа на модната писта придружувани од познати личности од Македонија. Присутните имаа можност наместо да платат влез, да донираат средства.
Ревијата се одржа во организација на Здружението за лица со Даунов синдром „Вера“ од Струмица, со цел да покаже дека и лицата со попреченост имаат потенцијал и право да покажат што умеат.
Дел од ревијата беа и деца со типичен развој, кои изведоа неколку точки. На учесниците им беа доделени и благодарници за поддршката на ревијата.
На ревијата присуствуваше и градоначалникот Коста Јаневски, кој истакна дека е горд што во Струмица има многу луѓе кои сакаат да подадат рака.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.