Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Д-р Томе Ефтимов од Струмица е избран за најдобар млад научник

Претседателот Ѓорге Иванов денес го додели признанието „Најдобар млад научник“ за 2018-та година на д-р Томе Ефтимов, за неговата работа во полето на информациските технологии.

„ Годинава, признанието „Најдобар млад научник” го доделуваме на д-р Томе Ефтимов. Тој е исклучително талентиран и млад научник со големи капацитети, знаење и искуство во научноистражувачката работа. Од она што може да се види од неговата биографија и од досегашните остварувања, апсолутно сум убеден дека пред него се години и години плодна научна работа на полето на информациските технологии. “ рече Претседателот Иванов.

Томе Ефтимов е роден во 1989-та година во Струмица. Резултатите од научните истражувања на д-р Ефтимов во последните години се објавени во меѓународни списанија со високи фактори на влијание, своето научно истражување го има претставено на повеќе меѓународни конференции и работилници, има одржано повеќе предавања поврзани со неговите истражувања на неколку Универзитети. 

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.