Започнувајќи од денес, 15-ти јули (понеделник), Општинската организација на „Црвен крст“ – Струмица ќе спроведува бесплатни обуки од кампањата „Твоето незнаење чини живот“ за важноста на првата помош.
Кампањата е наменета за сите активни и пасивни возачи кои веќе имаат сертификат за прва помош, со цел да го освежат своето знаење.
Заинтересираните за обуката можат да се обратат во Општинската организација на „Црвен крст“ во Струмица.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.