Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

„Црвен Крст“ – Струмица организира крводарителска акција во СОУУД „Димитар Влахов“

На ден 12.12.2018-та година (среда) од 08:30 до 14:00 часот, Општинската организација на „Црвен крст“ – Струмица, заедно со Службата за трансфузиона медицина – Струмица, организира акција за дарување на крв со учениците и вработените во СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица.

Крв може да даруваат учениците од четврта година кои наполниле 18 години.

Крводарувањето има повеќе здравствени бенефити за крводарителите, односно оние кои дале крв минимум 10 пати. Тоа е бесплатно, доброволно и анонимно. Секоја здрава личност на возраст од 18 до 65 години може да биде крводарител.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.