На ден 21.11.2018 (среда) од 08:30 до 14:00 часот, Општинската организација на Црвен крст Струмица заедно со Службата за трансфузиона медицина Струмица организира акција за дарување на крв со учениците и вработените во СОУ „Никола Карев“ Струмица. Крв може да даруваат учениците од четврта година кои наполниле 18 години.
Факти за крводарувањето:
-Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно;
-Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18-65 години;
-Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои 3;
-Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот;
-Пред секое дарување крв се врши лекарски преглед;
-Дарувањето крв е корисно со тоа што ќе го проверите вашето здравје;
-На крводарителите како почитувани членови во општеството, Црвен крст им доделува признанија;
-Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослободен од плаќање на сите видови болничка партиципација.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.