Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

„Црвен Крст“ – Струмица организира крводарителска акција со вработените во УЈП

  • Дарувањето крв е доброволно, анонимно и бесплатно;
  • Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18 до 65 години;
  • Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои 3;

На ден 29.11.2018-та година (четврток), од 8:30 до 14:00 часот, Општинската организација на „Црвен Крст“ – Струмица, заедно со Службата за Трансфузиона медицина – Струмица, организира крводарителска акција со вработените во Управата за Јавни приходи – Струмица.

Факти за крводарувањето:

Дарувањето крв е доброволно, анонимно и бесплатно;

Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18 до 65 години;

Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои 3;

Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот;

Пред секое дарување крв се врши лекарски преглед;

Дарувањето крв е корисно со тоа што ќе го проверите вашето здравје;

На крводарителите како почитувани членови во општеството, Црвен Крст им доделува признанија;

Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослободен плаќање на сите видови болничка партиципација.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.