Во рамките на одбележувањето на неделата за нега на стари лица, под мотото „Сите сме нивни деца“, Црвен Крст – Струмица презема низа активности, со основна цел – подигање на јавната свест за потребата од зголемена интеграција на старите лица во сите сфери на општествениот живот.
Една од првите активности, во соработка со партнерот од мрежата „Инклузива М“, преку проектот „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“ и Здружението на пензионери од Струмица, е мерење на шеќер во крв, мерење на крвен притисок и делење флаери од едукативен карактер на пензионерите и повозрасната популација од село Градско Балдовци, кое се одржа денес во просториите на Клубот на пензионери.
Акцијата беше спроведена од страна на младите волонтери на Црвен Крст.
Целта на акцијата е спојување на различните генерации со совети за здрав живот, споделување на спомени и дружење на младите и старите.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.