Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

„Црвен Крст“ – Струмица го одбележа Светскиот ден на волонтеризмот

По повод светскиот ден на волонтеризмот 5-ти декември, Општинската Организација на Црвен крст – Струмица преку Клубот на млади, организираше активности на запознавање на своите соученици со можностите за волонтирање и придобивките од волонтирањето во најголемата организација која регрутира најмногу волонтери на светско ниво.

Дисеминирани беа околу 60-тина ученици од ООУ „Никола Вапцаров“ а Клубот на млади организираше дружење на младите активисти и играње на друштвени игри и x-box во просториите на Црвен крст.

Црвениот крст на РМ како лидер во граѓанскиот сектор во однос на поседување на волонтерски капацитети во континуитет работи на унапредување на менаџментот со волонтери, стремејќи се кон почитување на правата и обврските на секој волонтер.Со над 10.500 членови и 7.500 активни волонтери настојува секогаш да биде онаму каде што е најпотребно и тоа го докажа за време на поголемитепредизвици и вонредни состојби.

Само минатата година асистирани беа 19.474 лица, 6.792 лица опфатени со програмите за намалување на ризици од катастрофи, 170 лица згрижени во време на екстремни температури, 50.217 лица опфатени со здравствено превентивни програми, 17.658 оспособени лица за пружање прва помош, 7.559 лица опфатени во програмите за социјална инклузија, ненасилство и мир, над 10.000 поддржани семејства во социјален ризик (подршка во храна,средства за хигиена, облека итн), асистрирани 15.968 мигранти, собрани 55.567 единици крв и спроведени уште многу локални и регионални проекти и програмски активности за поддршка на најранливите.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.