Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Членовите на хорот „Cantoccasio“ беа во посета на општина Босилово

Членовите на холандискиот хор „Cantoccasio“ викендов беа во посета на општина Босилово. Тие присуствуваа на Неделната литургија во црквата „Св.Пророк Илија“ во населеното место Радово, на која присуствуваше и градоначалникот – Зоран Зимбаков.

Овој хор за првпат доаѓа во Македонија, на покана на првиот човек на општина Босилово, со помош на познатството со г-дин Петар Опич кој што е член во хорот. Хорот имаше свој настап и во Струмица, а синоќа настапи и во храмот „Св.Георгиј“ во село Турново.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.