Под мотото „Чисто како дома исто“ Делегацијата на Европската Унија во земјава реализира кампања за поддршка на еко-активизмот, со цел да ја подигне свеста за заштитата на животната средина. Според кампањата, секој треба да води грижа за животната средина онака како што се грижи за домот.
Граѓаните имаат можност да се регистрираат како еко-активисти и да земат учество во акциите за чистење организирани во нивните градови. И активистите и општините ќе можат да учествуваат во предизвикот „пред и потоа“.
Активностите од кампањата која ќе се реализира во 8 градови под брендот „ЕУ за тебе“, ќе траат до денес, 19-ти јуни, а штандот на „Еко активизам“ ќе биде поставен во Градскиот парк покрај езерцето до 19 часот.
Ксенија Кантурска, промотор на кампањата за територијата на општина Струмица вели дека се задоволни од интересот на граѓаните на Струмица за вклучување во истата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.