Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Струмица на 20.04.2019 г. и 27.04.2019 г. (сабота) ќе организира хуманитарен хепенинг по повод одбележување на христијанскиот празник Лазарова сабота и претстојните велигденски празници.
Хепенингот ќе се одржи во малиот парк на булеварот „Маршал Тито“, Струмица (спроти трговскиот центар „Глобал“, а во непосредна близина на сендвичара „ЕХ“), во периодот од 10 до 14 часот.
На хепенингот ќе бидат претставени ракотворби , украси, велигденски јајца, кошнички за велигденски јајца и други креации со велигденски мотиви, изработени од децата и младинците со интелектуална попреченост и нивните родители – членови на ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица.
Исто така, членовите на ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица ќе бојадисуваат велигденски јајца заедно со нивните другарчиња и врсници.
Присутните гости на хепенингот, за симболична сума, ќе можат да ги купуваат ракотворбите и украсите, а парите собрани од продажбата на креациите ќе бидат искористени за опремување на Социјалниот Клуб на ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица со потребните дидактички материјали за работа.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.