Од 9-ти јуни до 18-ти август 2019-та година, на осмото издание на „Струмица Опен Фест“ понудени се над 30 настани за сечиј вкус, на кои посетителите ќе се забавуваат цело лето. Настаните ќе се одржуваат на повеќе локации низ Струмица, на отворено и освен музички концерти, предвидени се и голем дел на спортско-рекреативни и натпреварувачки настани.
Дел од програмата за годинашното издание на „Струмица Опен Фест“ се: Street Basket кој деновиве се одржува во дворот на СОУ „Јане Сандански“, од 17-ти до 19-ти јуни – Вежбаме во парк, на 23-ти јуни велосипедска тура, на 25-ти јуни – Ноќни патеки, односно, ноќно искачување до „Цареви Кули“, од 29-ти до 30-ти јуни за љубителите на природата ќе се одржи планинарење, планински велосипедизам, искачување на врв на планината Беласица.
На 8-ми јули ќе се одржи 10-тото издание на Трка на келнери, 15-ти јули ќе се одржи вечер на поезија, на 17-ти вечер на афоризми, на 19-ти, Street Summer Fest со Bang La Decks, на 20-ти јули концерт на лица со телесен инвалидитет и Board Games Days, Летна игранка на 21-ви јули, 22-ри јули – вечер на анимирани филмови, 23-ти прикажување на филмот „Господ постои, името и е Петрунија“, 29-ти јули – Летна ликовна работилница.
Во месец август, на 9-ти настап на Игор Џамбазов и Гуру Харе, како и Јовче Пандев, на 10-ти ќе се одржи концерт на „Ареа“ и „Дактили“, на 11-ти настап на „Летечки пекинезери“ и „Дикато“, на 12-ти август – Филмска симфонија со камерен оркестар на Битола и „Dismissed“, на 13-ти август Летна школа за гитара со Дамјан Пејчиновски и Васко Пиличев, на 14-ти август ќе се одржи Трибјут за Тоше Проески со струмичанката Александра Јанева, Марко Логаут и Васил Гарванлиев и на 15-ти „One Love Tour“.
Главни изведувачи годинава на фестивалот се: Жељко Самарџиќ, „Јупитер“ и „Никад није касно“, „Brass Brothers“, и Перо Христов на 16-ти август; На 17-ти: Северина, Бени и „Нонстоп“, Дарио, и „Tightbeats“ и Tommy Tasev и на 18-ти: „2 бона“, Мирза Селимовиќ, Горан Бреговиќ и „Бијело Дугме“.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.