На вчерашната осумнаесетта седница на Советот, беше усвоен буџетот на општина Струмица за 2019-та година. Тој ќе тежи 1 милијарда 122 милиони 430 илјади и 586 денари и според градоначалникот Коста Јаневски, тоа значи дека и идната година ќе продолжат капиталните инвестиции и развојот на Општината.
На седницата советниците разгледуваа вкупно 57 точки од дневниот ред и беа усвоени повеќе предлог – програми за активностите на општина Струмица во областите кои што се во нејзина надлежност, на јавните претпријатија и локалните институции, како и одлуки и решенија од областа на урбанизмот.
Јаневски истакна дека значително ќе се подобри квалитетот на граѓаните на општина Струмица во текот на наредната година. Исто така во план е и задолжување на општината од 1% за аплицирање на кредити од светска банка, за проширување на гасоводната мрежа во Струмица, кој според него е многу важен проект, како и за проекти преку ИПА програмата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.