Струмичката епархија со благослов на Митрополитот Струмички Г.Наум и Викарниот Епископ Полјански Јаков, ги известува своите верници, особено децата, дека организира Божиќна Литија.
Тие ги покануваат сите деца од Струмица, да земат учество во Божиќната Литија, која повторно и традиционално ќе се одржи на Бадник. Пеејќи ја божиќната песна „Вечниот Бог“ децата ќе станат гласници на радосната вест за Христовото раѓање низ улиците на Струмица.
За таа цел Божиќниот хор се подготвува и може да се вклучат сите заинтересирани деца. Пробите се одржуваат во храмот „Св.Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ од 17:30 часот, секоја среда.
Божиќната Литија на Бадник, во недела, ќе тргне од црквата „Св.Григориј Палама“ и „Св.Димитриј“ во 11.00 часот. Ќе се движи низ булеварот кон градскиот плоштад, низ улиците до црквата „Св.Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“.
Сите деца да пристигнат до 10:30 часот за организација на поворката.
Во поворката можат да се вклучат и родителите, по нив и да ги следат со помалите деца од 10 години.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.