Согласно планираните активности на општина Струмица за 2018-та година, денеска се асфалтираше улица во должина од 400 метри позади основното училиште во населеното место Костурино.
Од општина Струмица информираат дека, доколку дозволат временските услови, во наредните денови ќе се асфалтира и улица во должина од 300 метри во населеното место Раборци, а во Попчево ќе се изврши проширување на улицата на влезот во селото.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.