Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Апелациониот суд од Штип му ја намали казната на градоначалникот Боро Стојчев

Од 18 на 6 месеци затвор, Апелациониот суд од Штип му ја намали казната на градоначалникот на општина Ново Село – Боро Стојчев, потврди Основниот суд во Струмица. Според информациите Апелациониот суд ја прифатил жалбата на одбраната на Стојчев за висината на казната со која претходно беше осуден од првостепениот суд на 1,5 година затвор.

Намалени казни добија и неговиот син и внук и тоа од 1 година на 3 месеци затвор а петтообвинетиот од 9 месеци на 3 месеци затвор. Додека пак, казната на сопругата на Стојчев која беше осудена на една година условно додека не го повтори делото, во наредните две години и натаму останува иста.

И Јавното обвинителство се жалеше на пресудата на Основниот суд во Струмица за висината на казните, но Апелационит суд во Штип ја одбил неговата жалба.

Инаку Градоначалникот Стојчев на 10 јули годинава, заедно со уште четири лица беше фатен во обид да шверцува цигари во близина на македонско-бугарската граница. Тогаш беа запленети околу 3.300 штеки цигари во вредност од над 3 милиони денари.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.