Струмица 4°
Редакција: Струмица.мкИспрати тема

Мени на Струмица.мк

Редакција:Струмица.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Апел до жителите на Просениково да не се приклучуваат за да не се влоши состојбата на канализациониот систем

На новоизградената фекална канализација во населеното место Просениково, регистрирано е приклучување од страна на месното население, односно, препумпување на фекалии од септичките јами во најблиските ревизиони шахти. Ова може да предизвика оштетување и блокирање на фекалната канализација за која што се уште не е извршен технички преглед.

Имајќи во предвид дека реализацијата на проектот сѐ уште не е завршена и не е направен технички преглед, oпштина Струмица апелира до жителите на Просениково да не се приклучуваат за да не дојде до влошување на состојбата со фекалниот канализационен систем.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.